Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 напомена дека без пратениците на неговата партија, сигурно паѓа Владата.
На ова реагираше и неговата противничка, кандидатката за градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, која напомена дека Влада може да има и без Беса, и дека Беса реално не тежи многу на „пазарот“.
Касами жестоко одговори. Тој е дециден дека Беса може да ја сруши оваа Влада, но тоа нема да се случи затоа што оваа Влада е стабилна.
Тој додава дека ова се локални избори и ќе останат во коалиција
Comments are closed for this post.