На отворањето на новиот троговски центар неочекувано се појави и поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај.Не познато во кое својство беше повикан Харадинај но социјалните мрежи се преполни со негови фотографии со целиот државен врв на чело со Заев.

Тој беше пречекан како ВИП гостин Пендаровски и Шилегов не се одвојуваа од него. Харадинај и Заев пак се блиски пријатели и се дружат и приватно и си одат на гости со сопругите Зорица и Анита.

Харадинај во 2019 година беше принуден да даде оставка од премиерската функција откако беше повикан да даде исказ во Хашкиот трибунал.

Таму тој наместо да даде исказ и да биде сослушан се бранеше со молчење за воените злосторства за што го теретат дека ги сторил како командант на УЧК.

Судот во Хаг го пушти привремено на слобода додека не донесе одлука дали ќе биде покренато обвинение.