Во ниту еден момент Движењето Беса нема да коалицира пред или после избори со ДУИ, бидејќи сметаме дека е крајно време ДУИ да замине во опозиција, да се реформира, да се преструктуира и со нова енергија да се врати на политичката сцена. Затоа сметаме дека најмалку четири години таа треба да биде во опозиција. Ние како Движење Беса сакаме да го мобилизираме целиот опозициски спектар, не само партискиот, за кај Албанците во Македонија да дојдат промени кон подобро – изјави денеска за Алсат-М Билал Касами, претседател на Беса.

На прашањето, дали ќе соработуваат со Алтернатива и што има ново во однос на коалицијата со опозициските партии, Касами одговори:

Секако дека во опозицискиот спектар се две партии, Движењето Беса и Алијанса за Албанците. Ние го кажавме нашиот став и сме сигурни дека овие две опозициски партии имаат капацитет и потенцијал да бидат победници на следните избори. Потоа има многу други опозициски сили, интелектуалци, дијаспората, професори и многу експерти кои се добредојдени да и се приклучат на опозицијата. Секако, кога ќе дојде моментот, ако ние како опозициски фактор би барале поголема сигурност, ние ќе бидеме подготвени да подадеме рака на соработка за секого, само ДУИ да замине во опозиција. Ова нема врска со нешто што би значело дека ние го мразиме ДУИ, туку едноставно, сметаме дека е дојдено време ДУИ да биде во опозиција и Албанците во институциите на ова држава да бидат застапени достоинствено како што заслужуваат – заклучи Касами.