Универзитетската професорка и уставен експерт, Тања Каракамишева-Јовановска упати жестоки критики кон работата на владиното работно тело кое работи на амандманите на Уставот на Република Македонија заради начинот на кој се формулираат новите уставни решенија.
„Читам дека во работната група за уставни измени се предлагало дефинирање на два народа, етнички заедници и малцинства во Преамбулата“, констатира нашата универзитетска професорка. Според неа, ова е најпогубното решение за Македонија кое го нема во ниту една компаративна уставна пракса на унитарните држави во светот.
Comments are closed for this post.