Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од Обвинителството рекоа дека Караџовски е повикан во својство на сведок и треба да даде во врска со предметот по допрен глас објавен во медиумите. Станува збор за допрецизирање на фактите во предметот во однос на додатоците на плати на членовите на Судскиот совет.

Предметот беше оформен во декември минатата година по објавите на медиумите дека Судскиот совет донел одлука за за зголемување на платите на неговите членови и платите на судиите во висина од 35 отсто од основната плата.