Мотивацијата да се кандидирам за градоначалник на Прилеп ја најдов во секојдневните контакти со моите пациенти и со граѓаните кои искрено ми кажуваат што недостасува во градот, вели Д-р Борче Јовчески во интервју за „Република“.
Тој вели дека во градот има многу проблеми но оти најголем е комуналната хигена.
По улиците има отворени контејнери со извадено ѓубре кое е извор на зараза но и вртилиште на кучиња и мачки. На граѓаните исто така им пречи и недостатокот на спортски објекти, градинки, средена инфраструктура-објаснува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нема дилеми со што прво би се зафатил кога ќе ја добие довербата на прилепчани.
Отворените контејнери ќе ги замениме со подземни.Потребни се и повеќе пешачки зони, велосипедски патеки.Проблем на чаршијата е и недостатокот на паркинг места. Со изградбата на булеварот и тоа како се оневозможи паркирањето и тоа ќе биде приоритет во мојата изборна програма. Планирани се локациии за монтажни гаражи со кои ќе стопанисува јавното претпријатие за паркинг услуги.
Оценувајќи ја работата на актуелниот градоначалник на Прилеп, Јовчески вели дека има пофални зборови за Јовановски како стручњак бидејќи и двајцата доаѓаат од ортопедското одделение.
Но, како менаџер на градот за работата на Јовановски постојат многу аномалии.
Од неговата работа постои незадоволство како во градската средина така и во руралните делови од градот.
Јовчески ветува дека ако биде на чело на градот ќе го врати препознатливиот бред на градот „Пиво фест“ кој привлекуваше многу туристи.
Не само „Пиво фест“ туку и други манифестации кои се одржуваа во Прилеп во последниве години беа запоставени. За „Пиво фестот“ би се заложиле за обновување и за продолжување на таа долгогодишна традиција која привлекува многу туристи каде што секој сектор би го нашол бенефитот од посетеноста-вели Јовчески.
Целото интервју слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.
Comments are closed for this post.