„Референдумот во ПЈРМ пропадна“, објави на Твитер Панос Каменос, министер за одбрана во грчката влада и лидер на партијата АНЕЛ, помалиот коалициски партнер на премиерот Алексис Ципрас.

Каменос наведува дека со излезноста според членовите 73 и 74 од Уставот (на Македонија) тој е неуспешен и 68 проценти од граѓаните не го прифаќаат договорот.

Кога зборувам затоа дека референдумот пропаднал, тоа го кажувам со задоволство, порача Каменос.