Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски ќе бидат новите пратеници во Собранието по констатирањето на оставките на Никола Груевски и Павле Богоевски на денешната седница.
Извештајот за констатираните оставки на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници.
Се очекува информацијата за двајцата нови пратеници ДИК да ја проследи во текот на попладнево.
Ѓорги Камчев доаѓа од редовите од ВМРО-ДПМНЕ од листата за пратеници од четвратата изборна единица, додека Александар Филиповски беше на листата на СДСМ во првата изборна единица.
Comments are closed for this post.