Академикот Владо Камбовски, кој е еден предлагачите на Законот за Јавно обвинителство, на денешната јавна расправа ја истакна потребата од донесување на овој закон.

Според него, тој е само дел од реформите на судскиот систем. Затоа, вели Камбовски политиката мора да наведне глава над правдата.

Законот мора да се донесе и по цена да се одложат изборите за еден месец, смета Академикот.

Според него, земјата не може да мрдне во европските интеграции без владеењето на правото, но оти тоа е можно само со исправни закони. Тој нагласува дека најважен дел од законот е што ќе биде со СЈО, кое е иако е мртво сè уште е дел од правниот систем.