Кривичниот суд го испрати на мислење во надлежното Обвинителство барањето за екстрадиција за случајот „Морина“ кој деновиве е главна тема во медиумите и кој според проценките на експертската јавност најверојатно ќе ги наруши односите со Србија или со Косово.
Судот во секој момент се очекува да излезе со одлука за поранешниот припадник на УЧК.
Министерството за правда на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје, достави барање со целокупната пропратна документација за произнесување на судот во однос на постапката за екстрадиција на Т.М. за кој на 25.07.2019 год. беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.Судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното обвинителство, а по добивање на мислењето судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција-стои во соопштението од Судот.
Ова навидум судско прашање лесно може да стане политичко по изјавите на вицепремиерот Бујар Османи дека Морина нема да биде испорачан во Србија и оти иако не добил дозвола да го посети во притвор сепак нашол начин да му испрати порака.
Професорот Гордан Калајџиев вели дека во вакви екстрадициски случаи секогаш има и политика, но оти е неприфатливо ваквото однесување на вицепремиерот Османи.
Тој три години говори за правна држава и сега излегува со ваква изјава. По ова Османи треба да си поднесе оставка. Со ова покажува дека се меша во судството, а згора на тоа и самиот е осомничен во друг случај. Ова секако ќе има влијание во евроинтеграциите и во добивањето датум за преговори, вели Калајџиев за Пресинг ТВ.
Србија го бара Томас Морина, поранешен припадник на УЧК за злосторства направени на Косово во 1999 година. Тој, и сите други борци на ОВК се ставени на потерница на Интерпол и државите каде ќе бидат фатени се должни да ги уапсат. Згора на тоа Косово не е член на Интерпол.
Властите во Белград очекуваат Македонија да го почитува меѓународното право а тоа во конкретниот случај значи испорачување во Србија
Што вели досегашното искуство со вакви случаи
Иако државите се должни да постапуваат по барањата на Интерпол, и далеку помоќни земји од Македонија најчесто припадниците на УЧК не ги испорачуват во Србија туку ги ослободуваат и пушаат на Косово.
Најголем пример е премиерот Рамуш Харадинај кој во 2017 година беше фатен на аеродромот во Базел по потерница од Србија. Француската полиција.го уапси и беше сместен во екстрадициски притвор. По неколку дена надлежниот француски суд донесе одлука тој да биде пуштен без да биде испорачан во Србија.
Comments are closed for this post.