Функционерот на СДСМ, кој на минатите избори објаснуваше зошто е многу важно да се поседува членска книшка од СДСМ, и на овие слободно ќе агитира за својата партија. Овојпат Курто Дудуш ќе има и личен пример да им покаже на жителите на неговата општина, Шуто Оризари, како се користи членската на СДСМ како втора лична карта.
Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш денеска седна на обвинителна клупа за нападот на Демир Исмаил. Во судницата Дудуш призна вина и рече дека жали за стореното, а судијата Ѓоко Ристов на функционерот на СДСМ му изрече казна „судска опомена”.
Нападниот Исмаил рече дека и покрај признанието на вина, во друг судски спор ќе бара оштета од Дудуш. Парите најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели. Претседателот на Европската ромска дијаспора „Асва“ го обвини Дудуш дека го нападнал за време на одржувањето на Ромскиот бал, а смета дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.
Comments are closed for this post.