Како што напредува истрагата така нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ расте. Нервозата кулминираша со вчерашниот распит на еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец, соопшти СДСМ.
Во соопштението се наведува:
„Јавноста знае дека токму Христијан Мицковски призна дека се сретнал со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал нешто, што е тоа? Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата. Одговорност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има. Јавноста ги чека одговорите. Правда мора да има“.
Comments are closed for this post.