Владата тврдеше дека нема да има рудник во Иловица, а потоа сама дозволи компанија на семејството Дестани блиско до ДУИ да влезе во Еуромакс Ресурсис, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваа дека ако СДС и ДУИ не дозволеле, компaнијата на Дестани не можела да се стекне со удел во фирмата концесионер.

Дестани платил за да влезе во фирма која немала концесија над Иловица во тој момент, зошто била одземена. Откако Дестани влегува во Еуромакс Ресурсис, истата го добива спорот пред Управен суд, и се враќа концесијата. Дали власта однапред е договорена со Дестани? И дали е вистина дека компанијата на Дестани воопшто не доставила студија за влијание врз животната средина работата на рудникот? Како компанија како таа на Дестани без никакво искуство во копањето на злато, може да гарантира дека нема да се контаминира почвата? Граѓаните со право се загрижени, велат од партијата.