Вицепремиерот во Владата Артан Груби, кој сака да си се нарекува прв е револтиран од однесувањето на навивачите на Вардар на натреварот со Шкупи. Но, Груби сега од удобната фотеља во Владата не се сеќава или не сака да се сети на неговото однесување на познатите настани на Кале во 2011 година.
Груби тогаш ги предводеше инцидентите против изградбата на црвк-музеј на тврдината. Толпата меѓу која беше и Груби маваа со камења кон новинарите кои беа качени горе на тврдината.
Не многу одамна беше и дивеењето на навивачите на Шкупи наречени „Шверцери“ чии неофицијален водач е токму Груби.Шверцерите го демолираа театарот а тоа помина без осуда од премиерот Зоран Заев.
Во ноември лани во МНТ се прославуваше 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“. Беше прикажан и документарен филм за навивачите од Чаир низ годините, а присутни беа и големи фудбалски имиња кои биле дел од клубот, како и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој пред неколку години беше и тренер на екипата. Навивачите скокаа и ги кршеа столчињата а дивеењето чинеше 4.000 евра.
Comments are closed for this post.