44 годишна жена загина во сообраќајната незгода што се случила вчера во 16.30 часот на автопат Скопје-Велес, кај с.Катланово, соопшти МВР.
Патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Comments are closed for this post.