Одбраната на обвинетата поранешна шефица на СЈО, Катица Јанева, рече дека ваквата пресуда донесена во случајот „Рекет” ќе влезе во аналите на нашето правосудство, и дека со толку грешки не смее истата да продолжи.

Адвокатот Дељо Кадиев, изјави дека се надева дека Апелационит суд, ќе ги препознае сите оние грешки што се направени во текот на првостепената постапка и дека ќе ја укине ова пресуда.

– Првостепениот суд вели, се гледа Катица како седи на предметната гарнитура, а ја гледате старата гарнитура, не се гледа како седи на предметната гарнитура. Катица има доказ каса прими дека дала парични средства за таа гарнитура, имате една снимка, видео клип каде што немате дејствија на примопредавање на парични средства, се тврди дека таму имало пари, дали има пари не знам. Како јавниот обвинител ги преброја, како судијата му поверува дека таму има 100 банкноти по 100 евра, тоа не е јасно, изјави Кадиев.

Од друга страна Вишото јавно обвинителство Скопје, побара судот да ги одбие жалбите на одбраната и на обвинетите да им одреди повисоки казни. Кривичниот суд Скопје, обвинетиот Бојан Јовановски му изрече казна затвор од 9 години, додека на Катица Јанева, 7 години казна затвор