Судијката Добрила Кацарска која го води случајот за насилниот упад во Собранието, по последните приведувања тврди дека на база на сведочењето на Александар Василевски – Нинџа ја темели истрагата и шпекулациите дека не се точни информациите дека се спогодил со обвинителството но и со судот.
„Со судот не може да се спогодува, се знае кога може обвинет да прави спогодба пред суд со мене воопшто не може. Дали со Обвинителството има договор не би можела да коментирам. Утре ќе завршиме со последните завршни зборови. Ова е исклучително обемен предмет и ќе ми треба недела дена за да го спремам решението и казните“, изјави судијката Добрила Кацарска.
Судијката истакна дека во текот на водењето на постапката за 27 април немала никави притисоци ниту од функционери ниту од некоја партија, односно владејачкиот СДСМ или опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.