Граѓаните коишто планираат викендов да заминат на Водно со автомобил, да ги паркираат своите возила на прописно обележаните паркинг, за да не се попречува движењето на автобусите на ЈСП, апелираат од Јавното сообраќајно претпријатие – „Скопје“.
Токму поради несовесните граѓани, а во недостиг на сообраќајната полиција, возилата на ЈСП Скопје (од линиите 25, 25А и 25Б) изминатата сабота сообраќаа со големо задоцнување, дел воопшто не можеа да стасаат до станицата на Средно Водно, некои возила беа приморани патниците да ги оставаат на среде улица, а три поаѓања воопшто не се реализира.
Како би ги избегнале овие ситуации и викендов што претстои, апелираме на поголема совесност кај дел од граѓаните, како и на толерантност од страна на патниците доколку застоите се повторат и викендов, имајќи во предвид дека возачите на ЈСП Скопје се приморани да реагираат согласно условите на терен.
Од претпријатието потсетуваат дека возењето со линиите 25 (Транспортен центар – Средно Водно), 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25 Б (Дом на печат – Средно Водно) е бесплатно за сите категории на патници за време на викендите и државните празници.
Comments are closed for this post.