Писмата на Катица Јанева имаат различни датуми и немаат печати, но се легитимни, зашто се така сочинети, вели за Пресинг Тв, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Според него, печат не можело да имаат, зашто Јанева се наоѓа во притвор. Меѓутоа, секое лице во притвор може да комуницира со кого сака, а во случајот коресподенцијата на Јанева со СЈО и ОЈО се одвивала преку судија на истражна постапка.
Се уште не е јасно дали писмата на специјалната јавна обвинителка се архивирани, ако се – кој, кога и каде тоа го сторил. Или, пак, се само „чисти“ писма без ништо на нив.
Републичкиот јавен обвинител вчера изјави дека трите дописи на Јанева, со кои таа дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство, се напишани на рака. Тој ги отфрли тврдењата дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, на кое таа, наводно, со рака нешто допишала.
Претходно, пак, професорот Гордан Калајџиев во настап на ТВ „Телма“ побара одговорност од директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ и формирање собраниска комисија за преиспитување на случајот.
Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.
Comments are closed for this post.