Утринава е почнат процес на преземање на предметите и очекувам до крајот на денот овој процес да заврши. Од следната недела ќе продолжат техничките детали со содржината на списите, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Тој појасни дека по преземањето на списите тие ќе бидат оставени кај обвинителот, кој работел по преdметот, а кој ќе ги застапува предметите дополнително ќе се утврдува.
Прво што треба да се направи е да се определи кое обвинителство има надлежност за водење на предметите, а приоритет ќе им се даде на оние постапки во кои има неодложни работи.
Ќе определиме кое е стварно и месно надлежно обвинителство за да го застапува овој предмет. Можеби ден-два овие рочишта ќе се одложат, но ќе им дадеме приоритет на оние предмети кој имаат неодложни активности. Има став на судовите дека се прифаќаат овие докази и ние ќе ги преземе овие докази. На сите обвинители кои се во СЈО и се полномошници на Јанева, функциите од обвинителствата од кои доаѓаат им мируваат. Очекувам Советот на јавни обвинители да го реши нивниот статус и прашањето за извршувањето на нивната функција, изјави Јовески.
Во врска со писмото на Јанева државниот јавен обвинител вели дека во јавноста се појавиле повеќе невистини.
Да потврдам дека се работи за три писма, едно до тимот во СЈО и две до ЈО. Ние не се сомневаме во вистинитоста на тие писма и таа комуникација се остварува преку затворот и судот односно судијата на претходна постапка, појасни Јовески.
Comments are closed for this post.