Иако за денеска било закажано вселувањето на студентите во студентските домови во Скопје, до такво нешто дојде, затоа што МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавено списоците за примените студенти, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, со тоа се покажува дека власта е неспособна да изврши најобично сместување на студентите, нешто што се случувало и лани.
Истовремено, Јаулески јавно праша дали причина за доцнењето на списоците значи дека се чекаат партиски списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не?
МОН и Студентски центар, иако со конкурс сами се обврзаа дека списокот на примени студенти ќе биде објавен на 30 август, тоа го немаат направено. И три дена потоа ни трага, ни глас.
Очигледно Дарио Николовски беше презафатен со вработувањето на брат му во МВР, за што побрза да објави и слики на социјалните мрежи, а студентите ги стави во втор план.
Брат му на Дарио важно е вработен во МВР и ќе зема плата од македонските даночни обврзници, од вас и од вашите родители, а за тоа што вие нема кај да спиете во екот на септемвриската испитна сесија за власта очигледно и не е толку важно.
Над 4.000 студенти нема кај да се сместат и останаа на улица.
Comments are closed for this post.