Разговорите и преговорите се во тек. Се обидуваме да направиме инклузивен процес.Јас сум оптимист, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујрам Османи, коментирајќи ги барањата на БЕСА за уставните измени, за чија финална фаза треба да продолжи расправата во Парламентот.

Овој процес, нагласи Османи, е неповратен и не верувам дека динамиката за негова имплементација ќе може да се измести.

Се обидуваме да го направиме колку што е можно поинклузивен и попартиципативен, наведе Османи.