Онака ноншалантно и лаконски, шефот на криминално-рекетарската власт Зоран Заев, практично призна дека бил во целосен дослух со обвинителството за аферата „Рекет 2“, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Практично призна дека вршел влијание на шведската компанија да не инвестира во Република Македонија, а на прашањето од каде имал сознанија за истрагата на македонската партнер компанија, отворено си кажа дека информациите му се од обвинителството. Значи, Заев има отворена он-лајн линија за сите случаи од обвинителството и си ги користи како негов сектор во владата. А, повиканите за овој најнов рекетарски скандал како Ден Дончев со уште “покилави” одговори и со триење на рацете како чиракот од Македонските народни приказни. Си “цупка” човекот затоа што незнаат веќе што да излажат, пишува Јанушев на Фејсбук.
Според Јанушев и по 3 дена од признанието на Заев се уште се чека од „независното” Русковска обвинителство да отвори истрага од каде му се таквите информации на Заев и од каде знаел дека се води истрага.
Да беше ВМРО во прашање сигурен сум дека и во истиот час ќе напишеја пријава, а ако беше новинар може досега и во затвор ќе завршеше. Но, овие “бели мечки” од власта ќе останат така уште некое кусо време, уште некој месец, се до смена на власта. А крајот силно мириса, пишува Јаушев.
Comments are closed for this post.