Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ кој е во официјална посета на Македонија очекува дека во иднина ќе продолжи соработката меѓу двете земји.

Во Црна Гора сме уверени дека нестабилноста, по која за жал е познат Балканот, е последица на демократски развој на нашиот регион. Одговорот на нашиот проблем мора да биде интеграција, достигнување на европски квалитет на нашиот народ. Ние сме веќе членка на НАТО и сме во преговори со Европската унија. Сметаме дека е важно да ја поддржиме и Северна Македонија кон тој пат – изјави претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.