ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори, истакна денеска Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

-ВМРО-ДПМНЕ бара парламентарни предвремени избори и не само што бараме туку и инсистираме на истите. Впрочем  ако ги видиме изјавите на власта и доколку навистина сакаат да имаме економска година во 2019, единствено што може некој да го овозможи тоа е токму ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа инсистираме на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и тоа што е можно побрзо да се објави, бидејќи доколку до 21 јануари го распуштиме Собранието, тогаш има време да се организираат заедно со претседателските, порача Јанушев.