Зоран Заев бега од избори. Бега од соочување со граѓаните, затоа што е свесен дека власта е заглавена во криминал, корупција и мега скандалот „Рекет“, рече на денешната прес-конференција Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што избегнува отчет пред народот не е ново, го видовме и во 2016 кога на два пати одложуваше избори. Но, сега Заев се крие од своите сограѓани затоа што знае дека поразот ќе биде катастрофален. Политиките во здравството, образованието, културата доживуваат крах. Економијата е во агонија и каскаме не само во споредба со Европа, туку и во споредба со земјите од регионот“, реќе Јанушев.
Тој истакна дека „Владата на Заев ќе биде запаметена како најнеспособната влада во историјата на Република Македонија“, која не може ни тоа што самата го проектира да го оствари.
„На дело видовме дека власта на СДСМ креирала рекетарско-обвинителско-политички октопод кој тргува со правдата, креира и монтира обвинителски акти, за потоа да уценува, изнудува и игра мајтап со правната држава.
Нема правда, нема мир беше мотото многу брзо го заборавија и наместо тоа инсталираа Луј Витон правосудство кое има за цел да го штити криминалот на власта, а истовремено да ги гони политичките неистомисленици на Заев. Правдата ја претворија во политичка маша во рацете на Заев која згора на се уште ја користат за земање на милионски суми рекет.
Ова не е ни процент од криминалите, скандалите и катастрофалните чекори на оваа власт на Зоран Заев и однародената елита околу него. Ова е само врвот од сантата мраз. Секој ден излегува нова вистина за криминалот на власта исто како што секој ден Македонија тоне се подлабоко и подлабоко со нив.
Затоа Заев ајде на избори“!, порача Јанушев.
Comments are closed for this post.