По последните немили настани и нападите кон здравствените работници, министерката за правда, Рената Дескоска денеска порача дека медицинските лица не смеат да бидат подложени на вакви напади.

Како што порача Дескоска, напад врз здравствен работник е исто како да нападнете полицаец и предвидена е казна од една до 10 години за физички напад.

Во среда здравствените работници ќе одржат протест поради сѐ позачестените напади врз нив од страна на пациенти.

Протестот го поддржува и на него ќе учествува и Министерот за здравство, Венко Филипче, кој и самиот е лекар по професија.