Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека не очекува мерките за претпазливост што и ги изрече судот да бидат преиначени во притвор.
Јас имам определено мерки за претпазливост, ги почитувам и не постои никаква причина да бидат преиначени, рече Јанкулоска пред денешното рочиште за предметот „Титаник”, одговорајќи на новинарско прашање дали очекува да и биде изречена мерка притвор како на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.
Comments are closed for this post.