Покрај Ирена Фрчкоска, поранешната специјалната јавна обвинителка во притвор Катица Јанева ангажирала уште еден адвокат. Станува збор за Дељо Кадиев, пренесува порталот „МКД.мк“.
Кадиев ќе го застапува и сопственикот на „Дурмо Турс“ за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.
Јанева во моментов е на исказ кај Рускоска за случајот „Рекет“. Првично Јанева ја застапуваше адвокатот Стеван Павлески, но поради судир на интереси (застапува осомничен во случајот Империја), мораше да го смени и сега е застапувана од Фрчкоска, и најверојатно во иднина и од Кадиев.
Comments are closed for this post.