Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција издало наредба за следење на Катица Јанева со посебни истражни мерки две недели пред таа да биде уапсена, потврдува висок извор од истрагата за ТВ24.

Како што пренесува телевизијата, Обвинителството ги чека тие материјали да бидат декласифицирани и од наредната недела ќе ѝ бидат дадени на увид на одбраната и на Јанева. Во тој период кога Јанева била под ПИ-мерки ја даде својата условена оставка како шефица на СЈО, а осомничените Јовановски и Кичеец веќе беа во притвор.

По отворањето на истрагата шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција тврдеше дека Јанева не е под ПИМ, но одлуката била донесена потоа.