Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев е исклучен од партиските функции во ВМРО-ДПМНЕ, неофицијално се дознава од состанокот на ЦК кој се уште е во тек.Јанчев досега ја извршуваше функцијата потпретседател на партијата.
Состанокот на највисокото тело доаѓа откако партијата беше потресена со тоа што седумина пратеници гласаа за уставни промени но веднаш беа исклучени од партијата.
Неофицијално се говори дека истата судбина го снашла и Костадин Богданов, кој беше дел од т.н реформатори.
Јанчев и Богданов отворено се залагаа да се излезе на референдумот но да се гласа против.
Comments are closed for this post.