Во кривичен во тек е јавната расправа за „Општина Центар”, на која што се прегледуваат видео материјали од протестите во општината во 2012 година. Додека се репродуцираа снимките, на која се гледаа граѓани како скандираат околу општинските бараки, Миле Јанакиески реагираше со зборовите: „Ова е нула, ништо во споредба со Шарената револуција”.

Обвинетиот Александар Трајковски додаде дека на следното рочиште нивната одбрана ќе презентира видео снимки од Шарената револуција, за која повеќе од обвинетите добија ослободителни пресуди, со цел судскиот совет да направи споредба со настаните во „Центар”