Миле Јанакиески во завршните зборови се осврна на комуникацијата која ја имал со поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милеска за време на протестите „за заедничка Македонија“.
Тој не порекнува дека разговарал со неа ,дека разменил мислења со соговорници за протестите но не организирал протести и што е најважно, со ништо не придонел да се случат немилите настани од 27 април
Комуникацијата со неа е извршена во период кога воопшто не постои ниту парламентарно мнозинство, ниту продолжение на конститутивната седница и е неважна бидејќи не е во контекст со овој кривично-правен настан посебно што е комуникација во врска со естрадни уметници, глумци, режисери, односно лица кои што воопшто не се од значење за овој кривично-правен настан. комуникацијата со ЕКМ не може да биде предмет на кривично дело а тоа го потврди и обвинителката во изјави за медиуми каде истакнува дека „Немаше обвинение за неа затоа што немавме докази. Освен ангажирање уметници и познати личности, таа не направила што било друго конкретно“-објасни Јанакиески.
Тој го праша судот.
Ако за неа нема докази како може за мене врз основа на истата комуникација, да се бара од Вас, да утврдите дека јас сум наводен организатор на протестите и истите да претставуваат како доказ за упадот во Собрание. Како може за неа која контактирала со нив да нема основ за кривично гонење а за мене бидејќи контактирам само со истатада има? Не е можно почитувани судии. Или пораките имаат доказна вредност или немаат-вели Јанакиески.
Тој направи споредба со протестите на т.н Шарена револуција.
Ваквите претпоставки се исто како сега, ние да кажеме и да правиме конструкции дека некој поддржувач на Шарената револуција или говорник на Шарената револуција или некој кој дал изјава за протестите на Шарена револуција е кривично одговорен во однос на палењето на канцеларијата на Иванов и за тешките телесни повреди на десетици десетици припадници на МВР. Впрочем, судот треба да има предвид дека правото на протест е уставно загарантирано право-објасни Јанакиески.
Comments are closed for this post.