Ново обвинение против поранешниот министер за транстпорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во скоро сите предмети покренати од СЈО. Овојпат, на обвинителната клупа покрај него ќе се најде и Игор Јанушев, поранешен директор на ЈСП и уште две лица за набавката на двокатните автобуси.

Миле Јанакиески, кој денеска во судот даваше завршни зборови за случајот 27 април, во кој на терет му се става организација на упадот во Собранието посочи дека новото обвинение е честитка од Обвинителството и демонтрација на сила.

Ова има за цел да ме дефокусира  и обесхрабри да ја кажам вистината за „27 април“

Тој вели дека за овој случај истрагата се води пет години и оти воопшто не е случајно што се покренува на денот кога се завршните зборови за случајот 27 април.