Службената белешка на УБК, на која се базира решението за притвор е фиктивна, рече екс министерот Миле Јанакиески на денешната седница во Апелациониот суд на кој се образложува жалбата.
Во својата одбрана изложена пред Апелација, Јанакиевски рече дека белешка е направена истиот ден кога се дознава за бегството на Никола Груевски и истата наместо да биде доставена до судот, е доставена со СЈО со што како што истакна е прекршен член 108 од Законот за кривичната постапка.
Ги оспорувам тврдењто дека бегството на Груевски го засилува фактот дека можам да се дадам во бегство како негов поранешен соработник. Како што знаете јас го осудив неговото бегство во медиумите и реков дека сериозно може да тоа да им наштети на процесите каде и двајцата сме обвинети. Според европската конвенција однесувањето на сообвинител не може да биде фактор во проценка на ризик. Никола Груевски и Миле Јанакиевски не се едно лице, не треба да бидам казнет и жртвуван заради постапките на Груевскипотенцираше екс-министерот.
Јанакиески исто така рече дека ден пред неговото приведување околу 16:00 часот, заедно со уште две лица од кои едното од кабинетот на Иванов, бил на 90-минутна средба на која тема не била амнестијата, туку иницијатива за актуелната политичка состојба.
Ниту сум барал ниту сум имал средба со посредник. Средбата со перетседателот Иванов одеше преку неговиот кабинет. Одржана е на 11.11 во 16:00 часот и траеше 90 минути и се однесуваше на една иницијатива поврзана со националната општествена политичка ситуација“, за што неговите бранители приложија белешка од Кабинетот на Иванов, но нејзината содржина не ја обелоденија.
На јавната седница поранешниот министер за транспорт и врски нагласи дека со Иванов се познава повеќе од десет години, дека често се среќавал со него во време кога бил министер бидејќи заедно ја промовирале Македонија како поволна бизнис дестинација, дека Иванов присуствувал и на неговата свадба и дека доколку сакал, Јанакиески лично, а не преку посредник, ќе се сретнел за да си договори амнестија.
Во однос на тврдењата на СЈО дека има сметки во странство, Јанакиески рече:
Ако најдете една сметка во странсство, јас сум уште утре подготвен да потпишам спогодба со СЈО и да ме осудат на онолку колку што тие ќе сметаат, ако треба и на доживотен затвор“
И врачувањето на решението кое од службите било направено на 14 ноември во 05 часот наутро Јанакиески го нарече незаконито, бидејќи ниту му била земена изјава, ниту биле известени неговите адвокати. Како доказ дека немал намера да бега, обвинетиот Јанакиески го посочи и фактот што редовно се јавувал на шалтер во судот и не отсуствувал од ниту едно судско рочиште. Како што рече тој, при донесување на решението се прекршени три закони, постапено е спротивно на праксата на Европскиот суд за човекови права и членови на европската конвенција за човекови права.
Во обрзаложението на судот не е наведно кое кривично длео е сторено за да се пристапи кон приведување. Нејасно е како решението е изготвено на 14.11, а тој беше притворен во 5 часот утрината. Кога заседавал судот од 00:00 до 5 часот сабајлето и донел ваква одлука?, праша одбраната.
Наспорти тврдењата на одбраната, обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова рече дека решениото на Кривичниот совет за притвор е законито и издржано.
Обвинетиот Миле Јанакиески во своето долго излагање не негираше дека бил на разговор кај претседателот, но не кажа какви разговори воделе. Убедена сум дека постојат околности дека не можеме да го задржиме да побегне доколку не биде определена мерката протвор“, рече Стефанова и го повика Апилациониот суд да ја потврди одлуката на Кривичниот совет.
Апелацискиот суд има рок од 48 часа да донесе одлука по жалбата на Јанакиески.
Comments are closed for this post.