Миле Јанакиески денес бил однесен на преглед во болницата „8 Септември“, потврдија за Пресинг ТВ затворските власти.

Поранешниот министер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од истражниот затворот во Шутка го однесла на прегледи.

Директорот на затворот, Есад Рахиќ рече за ПресингТв дека Јанакиески бил „однесен на здравствени проверки а потоа е вратен“ во притворското одедлние на затворот.

Инаку Јанакиески десетина денови одбива да јаде затворска храна во знак на протест за неговото притворање.

Денеска тој беше спроведен на судењето за случајот „Талир“. Јанакиески е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.

Премиерот Заев денеска посочи дека жали што Јанакиески е во притвор но дека не може да се меша во судски одлуки.