Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочи дека не се чувствува безбедно, а имајќи предвид што се случувало претходно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе.

„Земајќи предвид што ми се случи претходно – не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“.