Четириесет и шест годишниот Ф.А., жител на село Камењане, тетовско, доби кривична пријава за сторено дело „уцена“, соопштија од МВР.

Тој ја добил кривичната поради тоа што на своја соселанка, со којашто порано бил во љубовна врска, повеќепати во текот на септември и октомври и се заканувал дека на социјалните мрежи ќе објави непристојни фотографии и видеа од неа, доколку таа не ја продолжи љубовната врска со него.