Нехуманиот однос на власта предводена од Зоран Заев за политичките неистомисленици излегува на дело. За тоа чист доказ е вчерашното приведување на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Имено вчера попладнето полицијата ја спроведе Јанкулоска од нејзиниот дом до затворот Идризово каде треба да ја одлежи затворската казна. За многу кратко време во јавноста излезе снимка каде јасно се гледа како таа се спроведува во затворот.

Оттука се поставува прашањето како може да се дозволи такво снимање што води кон нечовечки однос и третман на една жена, мајка и сопруга. За ова нема ниту постапка, ниту пак некаква реакција со осуда, од страна на надлежните за таквиот чин, на невладините кои се занимаваат со човекови права.

Јанкулоска за време на извршување на функцијата министер за внатрешни работи, целосно се посвети во служба за граѓаните, а Заев со еден потег ја понижи и омаловажи пред целата јавност, со тоа што беше дозволено нејзе да ја снимаат додека влегува во затвор, а за тоа нема постапка и никој не одговара.

Од друга страна, полиција околу две недели, стоеше пред зграда во која се наоѓа станот во кој што живее, а при тоа, при излез на секое возило се контролираа дури и багажниците, вознемирувајќи ги комшиите. За вчерашното приведување на Јанкулоска реагираше новинарот саше Димевски кој долги години ја следи правосудната област.

Повикувајќи се на законот тој укажува дека налогот прво треба да се достави и во истиот треба да има рок кога лицето да се јави на издржување на казната. -Ако е точно, НЕЗАКОНСКИ Е, без почитување на процедура! Налогот се врачува на обвинетиот 8 дена пред одење во затвор и ако не се јави, се апси! Пак велам, ако е точна веста, некој си поиграла со законот!!, пишува новинарот во својот фејсбук статус.

За спроведувањето на Јанкулоска во затвор реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ каде посочуваат дека таа е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Имено тие посочуваат дека Јанкуловска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Јанкуловска е жртва на неправдите на Заев и нејзиното одење во затвор е политичка пресметка и нарачка на мафијашот Заев со опозицијата.

Додека власта се осветува кон мајка, сопруга и професионалец кој со години и служел на државата сеуште нема ниту збор за тоа каде завршувале парите од рекетот на Зоран Заев, имаме амнестија на очигледен поткуп на Заев, евро за Вицето евро за црквата, имаме целосен молк за поткупот на екс директорот на ФЗО Ден Дончев, обвинителството молчи за панамските пари и зделките со Заев за 2000 стана во Тетово, се молчи за измамата на штедачи на Еуростандард банка и редица други скандали кои се случуваат на дневно ниво, пишува во соопштението.