Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи го барањето на министерот за одбрана Александар Вулин, за промена на ставот кон Македонија и Црна Гора поради поддршката за членството на Косово во Интерпол, изјави вторпат денеска дека Подгорица и Скопје покажале колку Приштина им е многу поважна од Белград.
Ние таа порака добро ја разбравме. Сакаме добри односи, но ги сфативме нивните приоритети. Ние ќе се однесуваме одговорно и сериозно, почитувајќи ги, но добро разбирајќи ги на кое место не ставаат и во согласност со тоа ќе се однесуваме и во иднина, изјави Вучиќ.
Comments are closed for this post.