За време на самитот на Европските народни партии Комесарот Јоханес Хан се сретна со Емилија Александрова, Никола Тодоров и со Петар Богојевски. Тројцата се исклучени од членство во ВМРО-ДПМНЕ по настаните кои следеа откако сега веќе независната пратеничка група ги поддржа уставните измени за промена на името согласно Договорот од Преспа.

Ја поздравувам нивната храброст и смелост во гласањето за Договорот од Преспа. Сите закани против нив мора да престанат! Сите партии работат на ЕУ агендата која ја сака поголемиот дел од граѓаните – напиша Хан на твитер.