Пожарот на Катната гаража кај Стара железничка кој се случи вечерва избувнал за време на свадба во ресторанот „Рагуза“. Како што велат очевидци огнот најверојатно избувнал од кујната и свадбата веднаш се прекинала.

Во моментов булеварот е затворен и огнот го гаснат седум противпожарни возила. Екипата на „Република“ е на терен и ќе известува за гаснењето на огнот и за штетата која е предизвикана.