Нè изненадија информациите дека постоел неорганизиран процес за набавка на вакцините, рече утрово претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска во Студио 10 на ТВ24.
Ризикот за корупција доаѓа на високо ниво. Се набавува од приватни фирми. Можеби најдобри биле намерите, но се нарушува довербата на граѓаните во институциите. Има работа и за Антикорупциска, но и за Обвинителството. Повеќепати сме разговарале за односот на ЈО кон моменталните случувања, треба да излезат и да кажат каков е нивниот став, дали ќе се истражува, ова се поголеми случаи кои заслужуваат внимание. Антикорупциска комисија има надлежност да ги утврдува системските слабости, но сите злоупотреби треба да ги фати ЈО, рече Ивановска.
Comments are closed for this post.