Законите за енергетика, за банките, за безбедност во сообраќајот и патиштата и за супервзиија и осигурување се последните усвоени во Собранието закони кои претседателот Ѓорге Иванов не ги потпишува поради новото име. Засега се вкупно 15. Претседателот на Собранието вели дека е можно да свика собраниска седница пред 1 април, кога почнува кампањата за претседателските избори.
Нема пречки Собранието да ги изгласа по втор пат законите кои ги врати претседателот на државата Ѓорѓе Иванов – порача собранискиот спикер Талат Џафери. Според него, се работи за закони кои се донесени со согласност на опозицијата, така што смета дека на Европската Унија која што чека резултати од нас, не и се важни одлуките на Иванов. Двотретинските закони кои се во пакетот 15 вратени закони во собрание, се сметаат за донесени – вели Џафери.
Иванов и за последните закони образложува дека указите не ги потпишува поради тоа што пред да ја преземе функцијата претседател на државата се заколнал дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на државата.
Талат Џафери, претседателот на Собранието вели дека законите (три) донесени со двотретинско мнозинство се смета дека се донесени, а за останатите ќе има ново гласање. Од Собранието велат дека ако и по вторпат Иванов не ги потпише указите за законите кои Собранието по вторпат би ги донело, тогаш законите ќе бидат објавени во Службен весник само со потпис на Џафери.
Comments are closed for this post.