Претседателот на државата Ѓорге Иванов упатил барање до претседателот на Собранието Талат Џафери годишното обраќање пред пратениците да биде на 28 декември.

Почитуван господине Џаефери во согласност со член 45, став 1 од Уставот на Република Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Македонија и да ги известам за одредени прашања од моја надлежност.
Ве молам тоа да ми се овозможи на 28 декември 2018 година, петок во 12 часот, пишува во барањето кое Иванов го испратил до Џафери.

Џафери веќе ја закажал пленарната седница за обраќањето на шефот на државата на 28 декември.