Хибридниот режим на СДСМ продолжува да ги прекршува основните слободи и човекови права на граѓаните, ова денеска од собранието во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го истакна Иванка Василевска.
-Имено, денес во Собранието на Република Македонија беше закажана првата седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободи и права на граѓаните, на која што на дневен ред беше разгледувањето на Претставката од граѓанинот Горан Јовановски од Тетово. Претставката на Јовановски се однесува на неможноста да се врати на своето работно место во Агенцијата за вработување, поради директен мобинг, политичка нетрпеливост и реваншизам од страна на надлежната директорка. Согласно член 8 од Уставот на Република Македонија една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е владеење на правото додека во член 9 е опишано дека граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободата и правата независно од националното и социјално потекло, политичко и верско уверување, вели Василевска.
Таа додава дека пратениците на владиното мнозинство предводено од СДСМ денес, не се појавија на закажаната комисија со што пред целата македонска јавност го покажаа своето вистинско лице и својот однос спрема почитувањето на основните човекови права и слободи.
-Овој нечовечки, и крајно незаконски однос на пратениците од СДСМ е доказ дека хибридниот режим во нашата држава ги загрозува основните човекови права и го загрозува угледот на Република Македонија покажувајќи дека во Македонија се спроведува партиски реваншизам и политичка нетрпеливост и најдиректно се ставија во заштита на директорката на Агенцијата за вработување. Правата на граѓанинот Горан Јовановски се заштитени со низа на закони кои што му ја гарантираат работната позиција како и правотo да напредува во својата кариера. Законите во Република Македонија мора да важат за сите подеднакво, а Собранието и пратениците имаат обврска како претставници на граѓаните да ги бранат и почитуваат нивните права, а не да спроведуваат партиски интереси со кои што ја загрозуваат кредибилноста на функцијата „пратеник“, вели Василевска.
Comments are closed for this post.