Државниот студентски центар утрово организираше акција во чии рамки беше исчистен отпадот од кровот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, информираат од Државниот студентски дом „Скопје“.

Оттаму ги повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината. Јавната хигиена во студентските дворови, велат, е резултат на заедничка грижа за животната средина.

Потсетуваат дека во иднина ваквото однесување ќе биде санкционирано бидејќи го загрозува секојдневието на сите студенти.

Во интерес на безбедноста на студентите во завршна фаза е поставувањето на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесат за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови, наведува ДСД „Скопје“