Власта и опозицијата го усогласија новиот закон за антикорупција што беше главниот услов да се избере нов состав на Комисијата за спречување на корупција. Како што истакна Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ законот ќе овозможи контрола на финансиските сметки на носителите на јавни функции но само по претходна постапка. Koмисијата добива и проширени овластувања и ќе биде надвор од било какви партиски влијанија.

Исто така новина е и тоа што интерјуата на кандидатите за членови на Комисијата ќе бидат јавно емитувани на Собранискиот канал и секој ќе може да се увери во нивната стручност.