Спикерот Талат Џафери за задутре ја закажа 39. седница, засега со 15 точки на дневниот ред, меѓу кои е и интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која кон крајот на февруари ја поднесоа пратениците од Алијанса/Алтернатива, по „исчезнувањето“, па појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

На ред чекаат интерпелациите  на ВМРО-ДПМНЕ за министерот за правда Бојан Маричиќ и за вицепремиерот за спречување корупција Љупчо Николовски.