Од почетокот на годината досега комуналните инспектори и овластениот инспектор за животна средина казниле 30 лица-загадувачи кои палеле и согорувале отпад, информираат од Одделенито за инспекциски работи при општина Струмица.

Последниот случај е евидентиран вчера, кога по пријава на граѓани е поднесена прекршочна пријава против граѓанин кој горел кабли во близина на градот.

Поднесените прекршочни пријави се однесуваат на поединци и тие се казнети за палење и согорување отпад и загадување на амбиенталниот воздух.

Од вкупно поднесените 30 прекршочни пријави, 13 се поднесени во септември и октомври.